Папата ги критикуваше земјите кои не сакаат да прифатат бегалци

Папата Франциско во литванскиот главен град, Вилнус, каде што ја започна четиридневната турнеја по балтичките земји, ги осуди европските држави кои не сакаат да прифатат бегалци, притоа фалејќи ја толеранцијата и гостопримството на Литванците..

Тој ја посочи оваа претежно католичка земја како пример за меѓународната заедница, а особено за Европската унија. Неговите критички зборови главно беа насочени кон земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка) чии власти не сакаат да примат бегалци и економски мигранти, кои масновно пристигнуваат во Грција и Италија.

Во овој поглед, истакна тој, вие Литванците, имате оригинална изрека: „прифаќање на разликите“. Со отворен дијалог и разбирање, разликите може да станат мост кој ќе ги поврзе Источна и Западна Европа, рече поглаварот на Ватикан.

Четиридневната турнеја на папата во понеделник ќе се префрли во главно протестантската Летонија, а во вторник во Естонија, каде повеќето од граѓаните не се верници.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top