ПАРИ САМО ЗА ПЛАТИ: Празни каси зјаат во општините на истокот

Општините во источниот регион се со празни каси и натрупани долгови..

Такви ги наследија од претходната гарнитура а пари се имаат само за плати и некои мали проекти.

Дваесеттина градоначалници меѓу кои се градоначалникот од Делчево, Берово, Пехчево, Зрновци и Карбинци, Сопиште, Ранковце , Тетово и многу други имаат блокирани .

Сега тие размислуваат како ќе најдат финансии за одржување на општините или ќе чекаат „милостина“ од извршната власт да ги спасува.

Градот Делчево е најзадолжена општина. Долгот кој го остави екс градоначалникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Дарко Шехтански а го наследи Горан Трајковски е четири милиони евра. Основниот буџет, без блок дотациите во оваа опшина изнесува 1,3 милиони.

Дел од медиумите блокираните ги споредија општините со англиските гралици. Значи ќе бидат на врвот на хиерархијата, но сепак ќе дејствуваат само административно.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top