Парични награди за победниците на изборот за Летен фолк хит во Новаци

И годинава ќе се одржи фестивалот за избор на Летен фолк хит. Ќе настапат голем број музички имиња од фолк сцената, а првите тројца натпреварувачи ќе добијат и парична награда..

Традиционално, како и секоја година во Општина Новаци ќе се одржи избор на Летен Фолк Хит. На фестивалот ќе настапат бројни музички имиња од македонската естрада, а годинава новитет е тоа што најдобрите тројца пејачи ќе добијат парична награда. Фестивалот и годинава ќе се емитува на сателитската ИН Телевизија и на уште неколку регионални телевизии низ Македонија.

За потсетување, минатата година во различни категории победници беа Благојче Стојановски-Туше, Елена Јовческа и групата Милениум.

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од фестивалот може да се пријават во студио Пикси и ИН Продукција.

Инаку, фестивалот се одржува под покровителство на Општина Новаци.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top