Париз и Лондон бараат вонредна седница на СБ на ОН за Сирија

Франција и Велика Британија денеска побараа свикување вонредно заседание на Советот за безбедност на ОН посветено на случувањата во Сирија..

Според најавите од седиштетот на ОН, се очекува седницата да се одржи утре.

Париз и Лондон побараа на седницата да се разговара „за неуспехот во спроведувањето на 30-дневниот хуманитарен прекин на огнот“ во Сирија, кој беше прогласен со Резулуцијата усвоена од Советот за безбдедност на ОН на 24 февруари.

Барањето на двете постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН доаѓа во време кога сириските владини сили, кои ја имаат поддршката на Русија и Иран, продолжуваат со офанзивата против последниот бастион на бунтовниците во близина на главниот град Дамаск, Источна Гута.

Воздушните напади во Источна Гута продолжија и денеска, а сириските владини сили напредуваат брзо во енклавата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top