Париз: Уапсени 126 лица на протестите на „Жолтите елеци“

На протестите на,,Жолтите елеци” во Париз се уапсени 126 лица, а полицијата со демонстрантите, кои подметнуваа и мали пожари, се пресмета фрлајќи солзавец..

Полицијата соопшти дека досега 126 лица се приведени, а приверкис е извршени врз 11.000 луѓе, кои се обиделе да дојдат во францускиот главен град на протестите.

Полицијата употребила солзавец поради тензиите во маршот на неколку илјади луѓе кои се движеа од Министерството за финансии кон Плоштадот на Републиката во источниот дел на Париз.
 
Барикадите беа запалени на едно место, а на друго гореа гранки од дрвја.Пожарникарите брзо реагирале и го изгаснале огнот.
 
Како што е наведено, демонстрантите се дополнително револтирани бидејќи за само неколку часа милијардерите ветија стотици милиони евра за обнова на опожарената катедрала Нотр Дам, додека нивните барања во долготрајната борба со француската влада остануваат неисполнети.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top