Партиите ги почнаа преговорите за изборниот законик

Се одржа првата средба на артиските тимови за измени на Изборниот законик.

Работните групи не донесоа никаква одлука, но се согласија дека е неопходно отворањето на оваа тема. Од ДУИ се за спроведување на препораките на ОБСЕ / ОДИХР, но не и за промена на пропорционалниот изборен модел со шест единици.

„Ние како ДУИ сме подготвени да дискутираме за потребните измени, преку инкорпорирање на препораките на ОДИХР и ОБСЕ. ДУИ јасно кажа дека пропорционалниот модел е најдобриот што гарантира застапеност на другите заедници во Собранието и ние остануваме на тој став. Немаме ништо против отворените листи ако се изврши доволно сериозна едукација на гласачкото тело за начинот на гласање..“, изјави Артан Груби.

Сличен став има и ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Христијан Мицкоски вели дека ќе продолжи активно да учествува во преговорите.

Почетокот на преговорите го најави министерката за правда Рената Дескоска. Според неа, потребно е да се разговара за прочистување на избирачкиот список, начинот на финансирање на политичките партии за време на кампањата, можноста за примена на отворени листи на кандидати за пратеници, како и евентуална промена на изборниот модел.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top