Партијата на Ердоган поднела и второ барање за поништување на изборите во Истанбул

Според АК, причина за поништување на изборите се 14.000 гласачки ливчиња на кои гласале луѓе кои не смееле да гласаат поради претходни владини уредби..

Владеачката турска партија, АК на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган поднела и второ барање за поништување и повторување на изборите во Истанбул, а кои ги изгуби пред три недели, јави државната новинска агенција Анадолу. 

Барањето следи откако по 17 дена приговори и пребројувања, опозицискиот кандидат, Екрем Имамоглу ја презеде функцијата на градоначалник на Истанбул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top