Паско Кузман денеска ќе седне на обвинителната клупа

Во скопскиот Кривичен суд денеска почнува судскиот процес против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман..

Во скопскиот Кривичен суд денеска почнува судскиот процес против поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман. Тој се товари за злоупотреба на службената положба, бидејќи нелегално издал согласност на две лица да вршат ископувања во околината на Катланово и кај Делчево.

Кузман беше уапсен во јули заедно со уште три лица, исто така вработени во Управата. Станува збор за Илче Бојчевски (59), раководител на Одделението за превенција на културното наследство, Звонимир Николовски (56) и Марија Пуљаз (49) кои беа обвинети за помагање.

Според обвинителниот акт, Кузман спротивно на своите надлежности ги издал согласностите за ископувања, а едното го добило лице кое било обвинето за нелегално ископување во рамките на акцијата "Фаланга". 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top