ПАТНИЧКА ОД МИЛАНО: Трет негативен случај на корона вирус тестиран на Инфективна

Доцна синоќа на клиниката за Инфективна беше направен третиот тест на сомнителен случај поврзан со вирусот од кој цел свет е во страв..

Пациентката која пристигнала во земјава од Милано е негативна на вирусот.

За ова информираа од надлежното министерство од каде велат дека ситуацијата будно се следи согласно сите протоколи на Светската здравствена организација.

Апелите од надлежните се да не се крева паника и да се следат препораките.

Имено, во текот на вчерашниот ден беа потврдени првите случаи на корона вирус во Швајцарија и Шпанија.  Косово нема регистриран случај, а Хрватска има еден.

Ширум светот досега починаа над 2000 лица од вирусот кој прво почна да ја „тресе“ Кина, а над 80 000 се заразени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top