Патувањето е здраво

 Придобивките за здравјето при патување траат со месеци, тврдат научниците. Кога ќе одите на некоја егзотична дестинација каде што е топло, тоа ви помага подобро да спиете и ве ослободува од стресот. Овие ефекти траат барем две недели по одморот, а во одделни случаи можат да се почуствуваат и неколку месеци по одморот. 

Експертите велат дека вработените треба да земат одмор најмалку еднаш годишно, а најдобри дестинации се егзотичните и топли места, како на пример Тајланд, Турција или Малдивите. Просечниот крвен притисок кај оние кои биле на одмор паднал за 6%, додека кај оние кои работеле се покачил за 2% во истиот период. 

Квалитетот на сонот кај оние кои патувале се подобрил за 17%, додека кај оние кои работеле цело време се намалил за 14%. Стресот бил намален дури за 71% кај некои од патниците. Направените тестови покажале намалување на шеќерот во крвта, подобро расположение и поголема енергија, а ефектите траеле најмалку две недели по враќањето дома. Во тестовите учествувале 12 волонтери. Половина од нив отишле на двонеделен одмор, а другата половина останала да работи. Потоа и тие биле подложени на тридневно тестирање. 

Со овој експеримент е утврдено дека оние што отишле на активен одмор имале најголемо намалување на стресот. Постојаната работа е контрапродуктивна. Редовните одмори можат да се сметаат како превентивна медицина. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top