Павлопулос непожелен кај австралиските Грци поради „Северна Македонија”

Пан-македонското здружение на Мелбурн и Австралија најавиле дека ќе испратат писмо до грчкиот претседател Прокопис Павлопулос во кое ќе му порачаат дека не е добредојден во Австралија..

Грчкиот портал Грик репортер пренесува дека грчката заедница во Австралија го осудила Павлопулос заради прифаќањето на името Република Северна Македонија, кое Атина го договори со Скопје. 

„Господине Павлопулос, вие сте непожелен, ако го посетите Мелбурн, ние, официјалните претставници на грчката дијаспора нема да ви посакаме добредојде”, пишува во писмото до грчкиот претседател.

Според објавените иформации, тој треба да ја посети Австралија во октомври годинава. 

Писмото било договорено на вонредната средба на раководството на Здружението што се одржа пред два дена и на кое присуствувале 120 членови, кои биле лути за потпишувањето на Договорот за името.

Извор: МКД.мк


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top