Павлопулос побара поширок консензус меѓу политичките партии околу предлогот за името

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, утринава го информирал претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос за текот на преговорите за името со Македонија..

На почетокот на средбата Ципрас повторил дека грчката страна се залага за едно име за севкупна употреба, како и за промени во македонскиот Устав, коишто според Грција имале иридентистички елементи.

Ципрас нагласил дека преговорите се во мошне деликате и критичен период и оти се бара решение коешто ќе биде одржливо на подолг период.

Претседателот Павлопулос не ги открил своите позиции околу конкретниот предлог, но повикал на колку што е можно поширок консензус меѓу сите политички субјекти во земјата, пренесува грчкиот весник „Екатимерини“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top