Пеце Наумовски продолжува со победите во ММА

Пеце Наумовски супериорен во својата најнова борба..

Во Саботата на 16 февруари се одржа борба во која што Македонецот од Мелбурн, Пеце Наумовски победи против Ендру Хингстон (Andrew Hingston) во турнирот Path to Hex 8.

Борбата се одржа во „Chelsea Heights Hotel“ во „Aspendale Gardens“ во Викторија, Австралија.

Моментално Пеце Наумовски е рангиран 79-ти во својата категорија за Австралија и Нов Зеланд.

При секоја борба Пеце Наумовски кога победува со гордост го крева Македонското Национално знаме со Сонцето од Кутлеш, а пред почетокот на секоја негова борба е претставен како Пеце „The Macedonian Lion“ Наумовски.

Македонците од Австралија и пошироко ја споделуваат веста за победата на Пеце Наумовски и се гордеат со неговите успеси.

Видеото од борбата ќе биде наскоро објавено.

Тимот на Фаланга на Пеце му посакува многу успеси во понатамошната кариера.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top