Пеце Наумовски со сребрен медал на Океанија Карате Шампионат 2018

Пеце Наумовски официјално влезе во сениорската категорија.

Пеце Наумовски оваа година влегува во сениорска категорија, со многу титули под неговиот црн појас тој повторно докажа дека е во топ форма. Во 2010 во Тахити во јуниорска категрија го добива овој шампионат со златен медал за Австралија.

Во 2018 тој влезе во сениорската категорија под 67кг каде што го освои второто место. Голем е успехот кога се бориш со противници што се неколку години во сениорска елитна класа. Седум држави беа дел од шампионатот: Австралија, Нов Зеланд, Нова Каледонија, Тахити, Фиџи, Вануату и Самоа.

„И се заблагодарувам на мојата фамилија, моите подржувачи и на моите тренери но особено големо благодарение испраќам до Македонската заедница во Австралија и сите Македонци низ светот за позитивните пораки што ги добив. Овој медал е за Македонскиот народ, Македонија има едно име и ќе се бориме за се што е Македонско“ рече Пеце.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top