Пеце Наумовски замина на Светското првенство во карате во Шпанија

Пеце Наумовски ќе ја преставува Австралија во Санта Круз - Шпанија на Светското првенство во карате..

Каратистот Пеце Наумовски и воедно Светски шампион во карате во јуниорска конкуренција отпатува за Шпанија каде повторно ќе се бори да го освои светскиот шамионат во карате, но овојпат во сениори со поискусните и најдобрите каратисти од светот.

Пеце Наумовски инаку е наш Македонец кој живее во Мелбурн, Австралија.

Нашиот Пеце Наумовски  ќе ја преставува Австралија во Санта Круз - Шпанија на Светското првенство во карате.

Светското Карате Првенство ќе се одржи од 25 - 29 октомври во Санта Круз во Шпанија.

Што се однесува до припремите Пеце Наумовски како и обично редовно тренираше и сме сигурни дека е подготвен да настапи на кое било првенство и каде било во светот.

На борбениот ринг ќе биде подржуван и од неговите родители кои деновиве заминуваат за Шпанија да го бодрат нивниот син и кои преку целото време се неговата најголема подршка.

Тимот на Фаланга му посакува успех и му дава целосна подршка да успее во предизвикот и да ги победи противниците.

Пеце Македонски лаву среќно!



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top