Педесетина повредени во судар на два воза близу Диселдорф

Педесетина лица се повредени во вторникот вечерта во судар на патнички и товарен воза крај местото Мербуш во сојузната земја Севрна Рајна-Вестфалија, според весникот Bild, a за 20 повредени објави железничкиот оператор „Deutsche Bahn“..

Весникот цитира податоци од локалната полиција, додека компанијата се повикува на свои извори и според која станува збор за инцидент меѓу товарната композиција „DB Cargo“ и патничкиот воз „National Express“. Станува збор за патничка компанија, основана кога „Deutsche Bahn“ последните години приватизираше некои од своите регионални линии.

Причините за сударот на железничката станица во Мербуш, близу западногерманскиот град Диселдорф, засега е непозната.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top