Пендаровски: Делото на Свети Климент Охридски е од значење за севкупната европска култура

Тој посакува верниците да го минат празникот во мир и радост, исполнети со љубов и грижа..

Претседателот, Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и сите верници од православна вероисповед.

„Денот на патронот на Mакедонската православна црква има неизмерно духовно, културно и општествено значење. Чествувањето на Св. Климент Охридски како основоположник на Oхридската книжевна школа нема само национално значење. Неговото и делото на неговите учители, светите браќа Кирил и Методиј, ги надминува локалните и регионалните рамки и е од значење за севкупната европска култура. Затоа да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото на Св. Климент Охридски, водени од неговиот хуманизам, трудољубивост и чесност“, нагласува Пендаровски во честитката.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top