Пендаровски го доби „решението“ од ДИК, следува инаугурација во присуство на повеќе државници од регионот

Државната изборна комисија денеска му го враши уверението на новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски..

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија,  Илир Мета, со претседателот на Република Косово,  Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со  Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со  Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со  Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Стево Пендаровски е петти претседател на државата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top