Пендаровски и Заев ги повикаа сите на 5-ти мај да излезат за земјата да продолжи напред

Кандидатот на СДСМ и коалицијата , Стево Пендаровски се заблагодари на мнозинската поддршка , што ја доби од сите и концептот Заедно , кој ќе победи и во вториот круг на 5- ти мај..

Мнозинството граѓани се изјаснија дека сакаат напред , а со Заедно напред ќе победи и на 5- ти мај.

Едвај чекам да се фатам за работа од позиција претседател зашто десет години оваа земја немаше претседател . 

,,Изборот во вториот круг ќе биде полесен. Сакам да им се обратам на сите кои гласаа за Блерим Река, за неопределените и за оние кои гласаа за Сиљановска но знаат дека тоа е неправедно.

Мора да продолжиме да живееме во стабилна и напредна држава , рече Пендаровски. Секој треба да земе учество во Европските проимени во Европска Република Северна Македонија, додаде Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев рече дека според нивните податоци Пендаровски води со над 4 300 гласови . Заев им честита на граѓаните за фер и демократските избори и дека во следниот круг ќедобиеме уште една вредност , европска држава. Заев му ја честита на Пендаровски во политичкиот натпревар во кој секој глас е важен . Целосно различни концепти се спротиставени , прогресивниот на Пендаровски и деструктивниот на Сиљановска .јасно е дека концептот на Пендаровски ќе добие уште поголема поддршка. Очекува и граѓаните кои гласаа за Блерим Река да гласаат за напредокот .


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top