Пендаровски на централен митинг во Скопје, каде ќе митингуваат Силјаноска и Река?

Кампањата за шестите претседателски избори денеска продолжува со претставување на програмите на тројцата кандидати..

Кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски денеска во 14 часот ќе одржи централен митинг Скопје кој ќе се одржи пред Делегацијата на ЕУ, а ќе почне со граѓански марш од пред зградата на Црвениот крст.

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, која централниот митинг во главниот град го имаше синоќа, вечер ќе има собири во Свети Николе и во Велес.

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој за претседателските избори е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, вечер ќе има средби со граѓаните на Желино.

Кампањата почна на 1 април и ќе трае до 19 април, по што ќе следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето во првиот круг закажан за 21 април. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top