Пендаровски нема да користи привилегии по истекот на мандатот

Претседателот Стево Пендаровски се откажува од државните привилегии кои му следуваат по истекот на мандатот..

Во изјава за тв 24 од неговиот Кабинет велат дека тој ќе се откаже од правото на користење на канцеларии со соработници и од доживотната претседателска пензија.

„По истекот на мандатот претседателот смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде би ги извршувал протоколарните активности“ – велат од Кабинетот на Пендаровски.

Прашањето за доживотните привилегии на поранешните претседатели го отвори Антикорупциската комисија која бара да им се намалат бенефициите и Иванов и Црвековски. Само за кирија за нивните канцеларии од буџетот се плаќаат 4.500 евра. Тие имаат право на тројца соработници, возило, возач и доживотна пензија. Во последните 10 години за поранешниот претседател Црвековски и сопругата на Борис Трајковски, Вилма Трајковска потрошени се 1 милион евра.

„За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече претседателката Билјана Ивановска која најави иницијатива до Собранието и Уставниот суд за да почнат постапка за измени на Законот кој им го овозможува луксузот на поранешните претседатели.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top