Пендаровски незадоволен од брзината на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Според него, се што се барало било исполнето, вклучувајќи ги и тешките компромиси и сега е ред на Европа да го исполни тоа што го вети..

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека не е задоволен од брзината со која се движат земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Во интервју за Радио телевизија Црна Гора тој истакна дека европската перспектива е единствена алтерантива, одржлива и продуктивна за целиот регион,

„Се надевам дека тоа ќе оди побрзо. Каква е тоа порака за нас, кои се уште не сме почнале со преговарање. Ако вие преговарате седум години и се уште нема светло на крајот од тунелот, тогаш што да им кажам на моите граѓани во Северна Македонија, колку ќе трае ова, 15-20 години?“, наведува Пендаровски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top