Пендаровски: Пописот пропадна зошто Груевски и Ахмети се исплашија

Стево Пендаровски во синоќешното гостување во емисијата „Клик“ на ТВ21 рече дека пописот во 2011-та пропаднал откако на политичките лидери Никола Груевски и Али Ахмети им станало јасно колкава ќе биде вкупната бројка на населението во државата..

- Пописот во 2011-та требаше да биде редовен по една деценија од претходниот. Но, на еден ден пред неговото завршување беше прекинат. Тоа сакаше да се заташка со спинови дека не биле попишани сите Албанци, или дека не биле попишани сите Македонци. Суровата вистина која тогашниот врв на македонската влада не можеше да ја објасни на граѓаните беше дека нема ниту Албанци, ниту Македонци и дека сите буквално „бегаат“ од државата. Од податоците од луѓето што го спроведуваа тогашниот попис може да се слушне дека имало само милион и седумстотини илјади луѓе во земјата, а и за тие е прашање како биле пребројани - - рече Пендаровски.

Заводот за статистика следната година ќе ка организира оваа операција на пребројување на населението по 19 години без попис во Македонија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top