Пендаровски преку Груевски ги мотивира граѓаните да излезат на гласање

Стево Пендаровски се обидува да ги убеди граѓаните на Република Северна Македонија да излезат и да гласаат во вториот круг од претседателските избори..

Со масовно гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме вистински претседател на државата. Масовното гласање значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ, за напредок на земјата и повеќе да не се враќа во мрачен режим, истакна претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на вечерашната трибина во центарот на Прилеп на платото околу Градскиот саат.

-Три клучни работи се битни. На 5 мај битно е да излеземе масовно на избори зашто најбитен е овој концепт кој го поддржуваме јас, премиерот и од владејачката структура зашто се води државата во НАТО и во ЕУ. Иако 30 години сите генерации на етникуми кои живеат во земјава сакаа да ја видат земјава во НАТО, и ЕУ, оваа генерација може да го оствари тој сон. Само овој концепт, ако добие ваша поддршка на 5 мај, ја носи Македонија во друштвото на развиени земји. Второ, масовното гласање на 5 мај за бројот 3 значи дека никогаш повеќе во оваа земја нема да се врати режимот на Груевски и на фамилијата, рече Пендаровски.

Многу фамилии, фирми и бизниси, додаде, и од Прилеп, беа запустени.

-Верувам и луѓе кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ не сакаат тие времиња да се вратат. Груески ќе се врати само да отслужи казна затвор. Со масовното гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме претседател на државата. Во последните осум години немавме претседател кој ќе ја почитува правната држава и ќе работи за своите граѓани. Затоа, со масовно гласање на 5 мај, сите ќе добијат претседател од кој нема да се срамат, рече Пендаровски пред прилепчани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top