Пендаровски: Реално немаме ресурси да покриеме кризна состојба на цела територија

Претседателот Стево Пендаровски објасни зошто се уште не е воведена кризна состојба на цела територија поради пандемијата создадена од коронавирусот..

Тој во во вечерашното гостување во емисијата на „Топ Тема“ на Телма, изјави дека реално нашата земја нема доволно ресурси за да се воведе кризна состојба на цела територија.

– Последната проценка на Светка банка за овој квартал е дека ние можеме да се надеваме на раст од максимум од 0,6 до еден процент. Нивната проценка претходно беше меѓу 3,5 и 3,8 проценти и тие велат со тенденција и тоа да не биде така, што значи ние ќе влеземе во рецесија ако не преземеме нешто. Што е проблемот. Ако имате вонредна состојба, во тој случај Владата може да владее преку уредби со законска сила. Владата владее и може да се задолжува на светскиот пазар, затоа што и е јасно дека сегашната буџетска поставеност на долг рок не може да издржи. Задолжувањето на државата кај нас се прави преку закон, како да направиме закон кога Собранието не постои – изјави Пендаровски.

Пендаровски исто така наведе дека полека нашата земја влегува во сериозна економска криза и дека веќе се огромни се економските штети од фирмите и дуќаните кои не работат. Според првичните проценки на една од стопанските комори, дека ако продолжи ова темпо на Македонија ќе и бидат потребни позајмици во висина од 500 до 700 милиони евра.

Пендаровски објасни дека во двете општини каде е воведена кризна состојба – Центар Жупа и Дебар, каде според него живеат околу 10.000 лица, се распоредени над 350 лица, припадници на војска и полиција, како и здравствени работници.

– Да објаснам за колкави ресурси станува збор, ако зборуваме за налик на онаа ситуација што ја имаме во Центар Жупа и во Дебар. Во двете општини, севкупно војска, полиција и здравствени работници имаме над 350 луѓе. За две општини кои по попис имаат 15.000 луѓе, а прашање е дали имаат 10.000 сега. Бидејќи е иселенички крај. Ако се оди така и во сите други општини, објективно во сите 80 општини, тоа е кризна состојба на цела територија, со ова ниво на контрола на влез и излез на границите на општините. Ние тоа не можеме физички да го постигнеме – нагласи Пендаровски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top