Пендаровски: Со 10 отсто водат граѓаните кои се за влез во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија

Координаторот за НАТО на Македонија, Стево Пендаровски во вечерашното вклучување во Топ тема на Телма откри дека според најновите анкети кои не се правени од Владата..

-Нема никаква разлика на изјавата на Столтенберг денеска и онаа во јануари во Скопје. Пред десет години имавме една пречка, сега велат: бидејќи сега постигнавте договор со Грција, сега треба да го финализирате. Изборот на зборови е негов, но пораката е јасна и ја знаеме. Додека не се финализира Договорот со Грција, ние сме за оваа алијанса Поранешна Југословенска Република Македонија. Утре на тој свечен чин кога Стотелберг официјално ќе му ја даде поканата на Заев, ќе му даде и план за процесот на техничките подготовки во однос на одбраната и армијата. Еве ќе откријам дека според најновите анкети кои не се правени од Владата, но бидејќи немам авторизација да ги соопштам резултатите нема да кажам од кого се правени, разликата меѓу оние кои се за влез во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија е 10 до 12 отсто повеќе од оние кои се против, откри Пендаровски.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top