Пентагон е подготвен за војна со Северна Кореја

Американската армија многу сериозно се подготвува за војна со Северна Кореја, изјавил републиканскиот сенатор Мак Торнбери кој е и претседател на комисијата за вооружените сили на Претставничкиот дом на САД..

“Администрацијата многу сериозно ги разгледува воените опции што би можеле да се користат во однос на Северна Кореја”, изајвил тој пред неколкумина новинари. Тој додал дека воените вежби се сериозни а војската прави подготовки во таа насока. Сепак, сенаторот се надева дека нема да биде неопходно овие подготовки да се користат на терен.

Американксиот министер за одбрана Џим Матис исто така изјави дека напорите се решавање на кризата со Северна Кореја мораат да бидат дипломатски но сепак додаде дека Пентагон е подготвен за секоја ситуација.

САД и сојузниците се сретнаа вчера во Ванкувер во Канада во обид да ги зајакнат санкциите кон Пјонгјанг. На овој состанок не дојдоа Русија и Кина на кои идејата за посилни санкции не им се допаѓа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top