Пентагон: Не очекуваме нови напади од Иран

Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер, изјави дека САД не очекуваат нови напади од Иран како одговор на смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад во Ирак..

Шефот на Пентагон процени дека иранската влада се соочува со внатрешна закана по падот на украинскиот патнички авион во близина на Техеран со 176 патници и членови на екипажот.

„Гледате дека иранскиот народ се крева и ги бара своите права, сакајќи подобра влада, различен режим“, рече Еспер.

Во Иран беше организиран протест откако властите потврдија дека случајно го срушиле авионот во кој загинаа сите патници.

Еспер рече дека претпоставува дека станува збор за несреќа и додаде дека администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, сепак, е подготвена да преговара за нов нуклеарен договор со иранските власти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top