Пеп изненади: Јунајтед ќе се бори за титулата

Киксот на Ливерпул во дуелот со Сити ја врати неизвесноста во борбата за титулата иако пред еден месец разликата меѓу првопласираните две екипи изнесуваше седум бода..

Сега таа е сведена на 3, а до крајот има уште многу да се игра. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговиот тим има шанси, но бројот на кандидати за титулата од два, сега е зголемен.

„Остануваат уште 39 бода во игра и ако сте во негатива девет или десет, уште имате шанси. Тотенхем никогаш не бил надвор од трката за титулата, а и Манчестер Јунајтед ќе има што да каже во финишот од сезоната“, изјави Гвардиола.

Неговиот тим в четврток го игра дуелот против Евертон и ако победи привремено ќе застане на првото место на табелата поради подобрата гол-разлика од Ливерпул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top