Пет дена пред издржување на затворската казна Кочан се разболе

Бизнисменот Сеад Кочан кој требаше да почне со издржување на казна затворот во „Идризово", каде на 17 јули треба да се пријави за издржување на казната од 4 години и 8 месеци, е примен на лекување во болница..

Кочан за својата здравствена состојба денеска го известил и Кривичниот суд, но сѐ уште не поднел ново барање за одложување на издржувањето на казната.

Пресудите во случајот „Труст" беа објавени минатото лето. Кочан доби 6 години затвор, второобвинетиот Василие Авировиќ, 2 години, а пресудата за Сафет Ватиќ беше ослободителна. Апелацискиот суд потоа ги намали казните, па Кочан доби 4 години и 8 месеци затвор, а Авировиќ условна казна. 

Кочан побара одложување на издржување на затворската казна кое Основниот суд го одби. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top