Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека со тоа се кршат резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (ООН) и се нарушува меѓународната безбедност.

Соопштението го издадоа пет европски членки на Советот за безбедност и тоа Белгија, Франција, Германија, Велика Британија и Полска, како и Естонија, која ќе се приклучи на Советот во јануари.
 
Во изјавата се осудуваат неодамнешните закани на Северна Кореја за партнерите во регионот и пошироко. Европските држави издадоа соопшение по затворените консултации на Советот за безбедност за најновите ракетни лансирања во Северна Кореја на 28-ми ноември.
 
Тие го повторија својот апел до Северна Кореја да се вклучат во значајните преговори со Соединетите американски држави насочени кон денуклеаризација и да преземат конкретни чекори кон откажување од оружјето за масовно уништување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top