Пет европски земји сметаат дека преместувањето на американската амбасада во Ерусалим е во спротивност со резолуциите на ОН

Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Шведска сметаат дека преместувањето на американската амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим е во спротивност со некои од резолуциите на Обединетите Нации..

Освен тоа претставниците на петте земји веруваат дека признавањето на Ерусалим за израелска престолнина од страна на САД “не е во корист за мировниот процес во регионот”.

Нивниот заклучок е во рамки на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН.

Седницата беше закажана во средата, непосредно по признавањето на Ерусалим за главен град на Израел, од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој со ова предизвика акутна меѓународна реакција и протести од страна на Палестинската автономија и арапските држави.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top