Пет жртви при уривање на мал авион во Калифорнија

Во тек е истрага за причините за несреќата.

Најмалку пет лица загинаа откако мал авион се урнал врз куќа во предградие во јужна Калифорнија, по што куќата се запалила.

Локалните власти соопштија дека загинале четири лица во куќата и пилотот на авионот. Жртвите во куќата засега се опишани како двајца мажи и две жени.

Претставници на локалниот мал аеродром од каде што полетела Цесната, изјавиле дека пилото бил многу искусен и често летал токму од тој аеродром.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top