Петар Ристевски: Како заменик градоначаник на Ливерпул реализирав големи проекти

Во рубрика дијаспора пишуваме за личности кои живеат и работат во дијапосрата и со свои постигнувања во бизнисот, политиката, културата придонесуваат за афирмација на македонската заедница, кои со свои залагања помагале или помагаат во нашата земја..

Во ова интервју, од рубриката дијаспора, го претставуваме Петар Ристевски, успешен бизнисмен, политичар, активист во македонската заедница во Сиденј, Авсралија кој има потекло од битолскиот крај.

Во кампањата за заменик градоначалник на Ливерпул, Сиднеј

Роден е  Австралија, по потеклото на родителите од Македонија, поборник за македонизмот,  кој успешно ја промовира македонската заедница и лобира Австралија да ја признае Република Македонија. Домаќин на голем број парламентарни посети од Македонија, културни, спортски и филсмки делегации, организатор на македонски филмски фестивали и други културно уметнички манистации. Организатор на многу хуманитарни донации за Македонија, најголема таа за поплавите во 2014. Ристевски е сопственик на сметководствена фирма која е 37 рангирана по приходи во Австралија. Активен на политички план и член на Либералната партија, а бил еден мандат заменик градоначалник на Ливерпул, дел од Сиднеј. На таа функција го активирал македонското прашање во Советот на општината, а бил и координатор на многу проекти за развој на оваа сиднејска општина. Наскоро ќе дојде во Битола како дел од  ново формираната конзервативна партија Интегра, каде е партиски CEO и претседател на стратегија во изборната кампања.

Во кратки црти го опишавме успешниот македонец кој живее во Сиднеј, Австралија и прва личност во интервјуата од нашата дијаспора. Понатаму тој ќе ни ја раскаже својата животна приказна која ја започна вака…

-Роден сум во Австралија 1973 година по потекло од овие битолски краишта, а моите родители заради подобар живот дошле во Австралија во време кога миграцијата била голема, некаде крајот на 50 и 60 години од минатиот век. Во Сиднеј се школував и завршив економски факултет, а магистрирав сметководство.

Со ќерката Елена на инагурацијата

Кога започна со свој бизнис?

Своја сметководствена фирма оснивав на свои 25 години и сега имаме вкупно 10 канцеларии низ Австралија. Мојата сметководствена фирма е 37 најголема книговодствена фирма, а низ Австралија има 10.000 вакви фирми. Тоа е многу високо место за мојата компанија на што јас и моите вработени сме многу горди, а се надевам дека од година во година ќе бидеме на подобро место според рејтингот и приходите, на ранг листата на овие компании.

Сам ги поставував своите постери низ градот

Кога започна вашата политичка кариера?

Политички сум активен уште од својата 20 година. Активен бев главно да  лобирам за името Македонија, како и други што го правеа тоа. Со текот на времето се повеќе Македонци се приклучуваа  на Либералната партија на Австралија, а по нивни предлог бев номиниран кандидат за заменик градоначалник во градскиот совет на Ливерпул на изборите во 2012 година.  На изборите победив со мнозинство на гласови. Ливерпол е една од  општините на Сиднеј, која брои 220.000 луѓе, ако кажам дека  има ист бруто домашен производ како Македонија, ќе ни стане јасно колку е значајна за Сиднеј на секој план, финансиски, култутен, образовен…

Со сопругата Наталие на доделување на една од наградите за мојата сметководствена  компанија

На место заменик градоначалник на Ливерпул од 2012 година. Кои активности и проекти кои поттикнавте и направивте за време на вашиот мандат?

-Како прво сакам да нагласам дека во такот на мојот мандат се изгласа, донесе закон, според кој Македонија е призната како Република Македонија, а не ФИРОМ. Ливерпул беше единствената општина во Австралија, бидејќи насекаде бевме ословувани со ФИРОМ. Јас бев силен поборник за македонската заедница и градот беше домаќин на голем број парламентарни посети од Македонија и тоа македонски филмски фестивали и други културно уметнички делегации. Општината донираше големи суми пари за поплавите кои ја погодија Македонија. За прв пат македонски свештеник ги отвори состаноиците на Советот за молитви, а дотогаш овие молитви ги правеше протестантски свештеник. Бев организатор и домаќин на првиот православен ручек за големиот верски празник на Македонците, Велигден, во Ливерпул на кој присуствуваа повеќе од 1.000  гости. Многу бев и сум горд на на што се постигна за македонската заедница во Ливерпул, за време на мојот мандат како заменик градоначалник.

Со поранешниот премиер на Австралија, Тони Абот

Кажете ни повеќе околу проектите и контактите со големи имиња од политичката сцена на Австралија, како што се премиерот и генералот Молан.

За време на мојот мандат развивме два големи универзитети во градот. Потоа го развивме вториот меѓународен аеродром во Сиднеј, кој ќе биде двојно поголем од сегашниот аеродром во Рокдаел. Исто така, координирав проекти за развој на Ливерпул. Со сите овие активности со тек на годините станав силен, политички играч, во Либералната партија на Австралија, а како резултат на политичкиот авторитет следуваат средбите со најзначајните политичари во тој период на политичката сцена на Австралија. Имав средба со премиерот кога дојде во Ливерпул да го претстваи градот како место за вториот аеродром во Сиднеј, а потоа следуваше и дебатата во парламентот за признавањето на Република Македонија и сметам дека никаде во светот не се има случено ова надвор од Македонија. Во текот на овој мандат и моите напори развивав пријателства еден од нив е поранешниот австралиски генерал, а сега сенатор Молан. Бев многу разочаран кога се промени името, бидејќи целата моја работа и лобирање како да беа за ништо.

Со синот Сашо кога имаше десет месеци

На приватен план…

-Семејството ми е на прво место. Среќно сум оженет имам 20 годишна ќерка Елена и 10 месечен син Сашо кој името го доби по мојот покоен брат. Моето семејство е најголема поддршка во мојата кариера. За политичката особено значаен е мојот татко кој и самиот беше политички активен. Тој е еден од основачите на политишката партија ДОМ во Австралијакоја се бореше за македонската кауза уште кога Македонија беше дел од Југославија, јас тоа го продолжив, а се надевам дека во таков македонски дух ќе продолжат и моите деца.

За Интегра и новоформираната партија, како дојде до идеја да започнеш политичка кариера во Македонија?

Како човек со искуство во политика од Интегра, Гоце Ристевски, ми се јави за да разговараме за политичката состојба во Македонија, од тој наш разговор се роди заедничката идеја, заради криза на политичката сцена добро е да се формира и трета алтернатива за македонските гласачи. Кога на нивна покана се одлучив да бидам дел од нив, тие ме поставија за партиски CEO и претседател на стратегија во изборната кампања. Тогаш основав моќен тим од Andrew Blow кој беше портпарол на австралискиот премиер и исто така беше директор на кампањата на австралиската либерална партија и Boris Johnson влијателна личнос на меѓународната политичка сцена. Преку моето блиско пријателство Andrew Blow ќе дојде следниот месец заедно со мене во Македонија кога и ќе започне кампањата на политичката партија Интегра. Моментално со Andrew Blow го снимаме рекламниот материјал за политичката кампања на Интегра.

Со поранешниот генерал на австралиската армија, Џимим Молан

Дали планираш дел од програмата самостојно да ја промовираш во Битола?

-Јас сум поврзан со Битола, прво поради потеклото и поради голем број на битолчани или од битолскиот крај кои се мои пријатели, деловни партнери, соработници, познаници со кои постојано сум во контакт. Поради тоа во Битола да дојдам кога ќе започне по динамичното промовирањето на партијата и програмата во следниот месец.  Ќе присуствувам на трибини, прес-конференции, да се стретнам со што повеќе битолчани. Канцелариите на Интегра се  на Широк Сокак и се отворени за сите граѓани на Битола. Но, за делот од програмата на Интегра во која сум дел и јас ќе зборуваме за време на кампањата, а се надевам дека битолчани и останатите каде ќе се промовираме ќе ја препознаат, ќе се најдат во неа и ќе ни се приклучат.

Превземено од Bitola News.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top