Пиењето топла вода решава седум здравствени проблеми

Ако водата ја превриете и ја пиете таква секој ден, ќе решите повеќе здравствени проблеми....

Начинот на исхраната, како и соодветното внесување на количеството и видот на водата, се едно од најважните фактор за здравјето, на кој имаме контрола. Ако водата ја превриете и ја пиете таква секој ден, ќе решите повеќе здравствени проблеми.

Водата во топол или жежок облик не содржи тешки метали и други штетни соединенија кои можат да се најдат во вода од чешма, а кои се таложат во организмот и предизвикуваат големи проблеми. Ако зовриете обична вода од чешма и пуштете ја да врие барем пет минути, по ладењето можете да најдете густ талог на отпадни и штетни материи.

Еве какво влијание има топлата или жешката вода на нашето тело:

1. Пиење на една чаша топла вода секој ден ја прочистува кожата, а посебно се препорачува на лица кои имаат проблеми со сува кожа и акни.

2. Топлата вода ги опушта мускулите, па се препорачува да се пие како одлично решение за спречување на менструални грчеви.

3. Наутро пред доручекот и половина час по оброкот една чаша жешка вода ја поттикнува работата на желудникот и ги решава проблемите со подуваноста и болното насобирање на гасови.

4. Пиењето на топла вода наутро пред појадок помага кај уринарните инфекции и ги намалува киселините во желудникот.

5. Редовното пиење на топла вода ја зголемува циркулацијата и потењето и ги исфрла токсините од телото, со што се олеснува работата на бубрезите.

6. Ако испиете чаша топла вода еден час по оброкот, ќе го забрзате метаболизмот и ќе го поттикнете согорувањето на калориите.

7. Редовната консумација на топла вода помага кај астмата и икањето, а ќе ви даде и дополнителна сила кога сте настинати или кашлате.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top