Пијан Македонец тепал гости и полицајци во Италија

Македонец дивеел на новогодишната ноќ во Италија.

Италијанската полиција уапсила Македонец, кој на новогодишната ноќ пијан тепал луѓе на улица во гратчето Диано Мартина, а при апсењето им поделил и по некоја клоца и тупаница на карабиниерите кои го апселе, јавуваат италијанските медиуми.

Македонскиот државјанин на возраст од 24 години бил веднаш приведен и однесен на оддел за токсикологија, а денеска бил експресно осуден на условна затворска казна од осум месеци.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top