ПИМЕН: Наречете ме хомофоб, ама ја претеравте!

Владиката Пимен, остро реагираше на настанот на кој ЛГБТ заедницата синоќа се исмеваше со верските чувства на Христијаните..

Еве го Фејсбук коментарот на Владиката Пимен:

Ќе кажам дека ја претерале, дека ни ги повредуваат чувствата христијански и веројатно ќе бидам искритикуван од истите дека сум конзервативен хомофоб.

И ќе сум се додека во име на вашите слободи на сексуална определба мислите дека мнозинството треба се да трпи, да ви простува и дозволува.

Гордејте се бре луѓе по парадите ако сакате. Верувајте си дека има на што да сте горди, ама малку и остет имајте.

Верувам дека осудување на овој чин ќе има и во самата ЛГБТ заедница, бидејќи познавам многумина од нив и никој од нив не спомнал дека мора да го исмева христијанството за да биде респектиран член на истата заедница.

За илустрација еве до кај им оди слободата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top