Пипо се враќа во Серија А – со стил

Екипата на Беневенто, предводена од легендарниот италијански голгетер Филипо Инзаги е прва екипа која обезбеди пласман во Серија А за идната сезона..

Од почетокот на сезоната тимот се наоѓаше на челната позиција во второлигашката конкуренција, а со вечерашната победа со 1-0 против Јуве Стабија избега на 24 бода разлика пред второ и третопласираните Кротоне и Читадела, на седум кола пред крајот. 

Последен клуб кој остварил промоција во првата лига на седум кола пред крајот е Асколи во сезоната 1977/78, но тогаш за победа се доделуваа два, а не три бода како cега. За Беневенто, идната сезона ќе биде втора во Серија А откако таму играа во 2017/18.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top