Пирез со порака до Арсенал – што треба да сторат за пласман во ЛШ пред Челси и Јунајтед

Битката за топ4 во Премиерлигата влегува во завршна фаза, последните 10 кола ќе бидат исклучиво интересни, бидејки следуваат многу дерби натпревари..

Интересно е тоа што разликата помеѓу Тотенхем на 3. позиција и шестопласираниот Челси е само 7 бодови, но Челси има и натпревар помалку, па доколку се случи да го добијат, потоа помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед како шести евентуално, бодовната разлика ќе биде само 5 бодови.

Поранешниот играч на Арсенал, Роберт Пирез даде своја анализа околу тоа како ја гледа табелата во мај и всушност им испрати порака на „топчиите“.

„Следните два меча на Арсенал против Тотенхем и Јунајтед се круцијални за нивната сезона. Мислам дека „топчиите“ имаат реални шанси да се провлечат низ топ4 пред Челси и Јунајтед и да излезат во ЛШ, што сигурно ќе биде многу важно за играчите и Емери“, истакна Пирез.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top