Пирло откри интересен момент пред трансферот во Јуве: Бев на прагот на трансфер во друг клуб

Легендарниот фудбалски Моцарт, како што популарно го нарекуваат Андреа Пирло, откри интересна анегдота од минатото..

Пред да се пресели во Јувентус 2011 година, ветеранот Пирло имал отворена, или бланко понуда од римската волчица.

40 годишниот ги закачи копачките на ѕид во 2017 година, откако ја заврши кариерата како играч на Њујорк Сити, во МЛС лигата, но претходно тој имал шанси да заигра за Рома.

„Пред да се преселам во Јувентус, бев блиску до Рома. Имав преговори со нив, зборувавме, но на крајот тоа не резултираше со договор и ништо не се случи, а јас станав играч на Јуве“, истакна Пирло.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top