Писмо на Столтенберг: Скопје и Атина до 15 февруари да завршат со Преспанскиот договор

НАТО очекува до 15 февруари македонскиот и грчкиот парламент да ги завршат процедурите околу Договорот за името од Преспа..

Ова според грчки Катимерини е наведено во писмо од Столтенберг порачувајќи дека Алијансата сака најбрз можен процес.

„Постои писмо од Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кое се повикува на завршување на сите процедури во двете престолнини до 15-ти февруари 2019 година“ – се наведува во текстот на „Катемирини“.

Последната фаза на ратификацијата на Преспанскиот договор на домашен терен почнува следната среда за кога е закажана собраниската седница со четири точки на дневен ред – утврдување на предлог уставните амандмани, нивно донесување, прогласување на амандманите и усвојување на предлог уставен закон за нивно спроведување.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top