Пјонгјанг: Не сакаме состанок со кој Трамп само ќе се фали

Северна Кореја одговори на твитот од американскиот претседател Доналд Трамп, во кој тој најави нова средба со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, велејќи дека Пјонгјанг нема интерес да му овозможи на Трамп состанок со кој ќе се фали..

Советникот во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Ки-Гуан, во изјавата рече дека Вашингтон мора да се откаже од она што Пјонгјанг го смета за „непријателска политика“, доколку сака преговорите и натаму да продолжат.

Според АП, соопштението е последен повик на Пјонгјанг до Вашингтон да направи отстапки пред крајот на рокот утврден од администрацијата на Трамп и да понуди заемно прифатливи услови за продолжување на нуклеарните разговори.

Вчера Трамп, реагирајќи на навредите на Северна Кореја на сметка на неговиот политички ривал Џо Бајден, напиша во порака до Ким на „Твитер“ дека тој „не е бесно куче“ и дека е „нешто подобар од тоа“ и ја заврши пораката со зборовите „Се гледаме наскоро“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top