Пјонгјанг: Трите носачи на авиони на САД кај Корејскиот Полуостров туркаат кон војна

Американските носачи на авиони, придружени од воени бродови во формација на борбени групи, учествуваат во воена вежба на морнарицата, која трае 4 дена.

Присуството на трите американски носачи на авиони „Роналд Реган“, „Теодор Рузвелт“ и „Нимиц“ кај Корејскиот Полуостров го турка регионот поблиску до нуклеарна војна, се наведува во писмото кое Северна Кореја го упати до Обединетите нации.

Американските носачи на авиони, придружени од воени бродови во формација на борбени групи, учествуваат во воена вежба на морнарицата, која трае четири дена.

„Тие вежби ја создаваат најлошата можна ситуација кога и да било околу Корејскиот Полуостров“, наведе севернокорејскиот амбасадор во ОН Ја Сонг Нам во писмото до генералниот секретар на Светската организација.

„Вашингтон сега спроведува воени вежби, воведувајќи опрема за нуклеарна војна на и околу Корејскиот Полуостров, со што се докажува дека самите САД се главен актер при ескалацијата на тензиите и поткопувањето на мирот“, пишува во писмото.

„Вежбите покажуваат дека Северна Кореја е во право што работи на својата одбрана“, наведува севернокорејскиот претставник.

Првпат во последните три децении, три американски носачи на авиони пловат заедно во борбена формација и тоа во западниот дел на Тихиот Океан.

Во воените вежби учествуваат и поморските сили на Јужна Кореја и Јапонија. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top