Плакати „Се бара Груевски“ излепени во Унгарија

Моментум е прилично млада опозициска партија во Унгарија основана во 2016 година и не доби доволно гласови на последните избори за да има свој претставник во Парламентот..

Плакати на кои пишува „Се бара Груевски – Владата е подготвена да прими уште еден осуден криминалец“ излепила опозициската партија во Унгарија, Моментум, на повеќе локации во Будимпешта, пренесуваат унгарските медиуми.

На плакатите пишува и дека „Груевски не е првиот криминалец што го прифаќа Унгарија: меѓународни криминалци доаѓаа во Унгарија како соработници на сирискиот диктатор“, алудирајќи на лица кои плаќале пари и купувале обврзници, а на сметка на тоа добивале унгарско државјанство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top