Планетата Земја помалку се тресе поради карантинот

Како карантинот и намаленото движење на луѓето влијаат врз земјината кора и природата..

Милијарди луѓе ширум светот не излегуваат од дома поради пандемијата од корона вирусот – толку што таквата промена влијае на начинот на кој Земјата се движи.

Поради карантинот има многу помалку патувања поради работа или слободно време, а многу фабрики се затворени.

Фактот дека голем број луѓе работат помалку, ги смени и вибрациите на земјината кора.

Ова е прилично неверојатно со оглед на тоа што нашата Земја тежи шест секстилиони (милијарди билиони) тони.

Драматичен пад

Научниците од Кралската опсерваторија во Белгија први го забележаа овој пад, велејќи дека „поместувањето на тлото е еден до 20 Херци (подлабок од звукот на контрабас, слично на големи оргули) значително пониско од кога владеат мерки зе заштита.

Вакви промени се забележани и на многу други места ширум Земјата.

Сеизмолозите во Непал забележале пад на активноста, работник во парискиот институт за физика на Земјата рече дека намалувањето во престолнината на Франција драматично, а истражувач во Кал Тех универзитетот во САД,  го опиша падот во Лос Анџелес како „сериозно див“.

Драматичниот пад на сеизмичката активност во Непал може да се види на овој  графикон.

Почист воздух и помирни води

Ова не е единствениот начин на кој корона вирусот, влијаејќи на начинот на живот на луѓето, ја менува природата.

Сателитите бележат пад на загадувањето со гасот нитроген диоксид, кој го емитуваат автомобилите, камионите, автобусите и електраните.

Светот е помирен.

Научниците кои секојдневно ја мерат бучавата во градовите и оние кои ги истражуваат длабочините на океаните, забележале дека нивото на бучавост опаѓа.

Појасни сигнали

Новото сеизмолошко истражување не значи дека Земјата во потполност престанала да се тресе, но разликата не е важна само за научниците, таа е навистина корисна.

Човековата активност е како звук од позадина која го отежнува слушањето на она што Земјата природно го прави.

„Ќе добиете сигнал со помалку бучава, што овозможува да извлечете повеќе информации од тој настан“, вели сеизмологот Едни Фрасето на порталот поврзан на Институтот за сеизмологија во Вирџинија.

Некои истражувачи дури успеале да утврдат што точно го предизвикува падот во нивната област.

Стивен Хикс, кој работи на Империјал колеџот во Лондон, смета дека падот на тресењето се случил поради намалувањето на сообраќајот на автопатот М4 кој ги поврзува Лондон со Велс.

Сезонски промени

Овие промени  не се без преседан.

Како што може да претпоставите човековата активност варира во текот на денот, па ноќе се помалку активни отколку дење.

Пад се бележи и за време на големите празници.

Но, вака обемно намалување на човековата активност која трае со недели, можеби и месеци, вообичаено се случува само на кратко околу Божик во христијанските земји.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top