Планинарски марш во чест на Костурскиот револуционер Васил Чакаларов

Активности на УМС ВМРО ДПМНЕ од Битола.

Во организација на Советот на ветерани УМС на ВМРО ДПМНЕ, во соработка со Македонско Патриотско здружение “Тодор Александров” го организираме овој планинарски марш во чест на македонскиот револуционер Васил Чакалров,оваа инцијатива претсавува пред се идеа за спој на ветераните и младите идеа за спој и размена на мислења и дружење пред се на две различни генерации,под мотот во здраво тело здрав дух рекреативност и пред се негување на националните историски кулутурни вредности и револуционерните дострели на макеоднските патриоти од историјата како Васил Чакалров,планинарскиот марш “Васил Чакалров” планираме да биде традиционелен марш и да се одржува секоја година,рече историчарот Ѓорги Чекутков.

Организацискиот собир на костуркската ревоуционерна околија предводен од Чакалорв го осудил гркоманот Коте на смрт поради арамиство, а Чакаларов побарал инсистирал веднаш да се исполни пресудата, но Коте бил помилуван од страна на Гоце Делчев. На 31 мај 1903 година се одиграпла позната епска битка кај Локвата и Вињари во која костурските чети на Васил Чакалорв,Лазар Поп Трајков,П Кљашев,Митре Панџаров извојувале значителна победа против 1000 туркска војска и башибузук. Васил Чакалров,Лазар Поп Трајков,Пандо Кљашев,Иван Попов,Митре Влавот, претставуваат цутот на косурското револуционерно војводство на ВМРО.

За време на Смилевскиот когрес мај 1903 Чакалров бил делегат на конгресот.Чакаларов заедно со коструреските сореволуционери Л.П.Трајков,Иван Попов,Пандо Кљашв на 31 мај 1903 учествувал и ја предводел епската битка кај Локвата И Вињари во костурскоте село Дмбени каде покажале извонрдена храброст и пожртвувана борба против турксиот аскер.Во средината на јули 1903 година војводите Чакаларов, Кљашев и Иван Попов со четите ги обиколие селата во Костурскиот реон,истакна историчарот Ѓорги Чекутков. Во виорот на Илинденското востание Васил Чакаларов ја раководел најголемата чета од 2.000 востаници. Учествувал при ослободувањето на Клисура и на Невеска и во борбите кај с. Вишени, Костурско-леринскиот регион.

По Востанието, со чета се борел против андартите и против грчката пропаганда во Костурско. На 12 август 1903 гдоина по голема борба, предводена од Чакаларов, била заземена Невеска. По првичниот неуспешен напад, востаниците се прегрупирале во две колони. Северната колона ја предводеле Васил Чакаларов, Панде Кљашев и Манол Розов. Нападот на Клисура Чакалров ги започнал во утринските часови на 4 август 1903 г. Во овие борби Турците користеле артилерија и коњица, херојската борба на коструските востаниците со успешни маневри успеале да ја принудат турската војска да се повлече кон Лерин. По ослободувањето на Клисура се организирал слободен живот кој траел до 28 август 1903 година, односно цели 23 дена кога востаниците се повлекле без борба,потнцира Чекутков. Во Првата балканска војна (1912) со чета дејствувал во редовите на Македонскот Одринско Ополчение заедно со кустурскиот војвода Иван Попов .Во втората балканска војна Чакаларов и неговата чета војувале против Грците биле гонети од страна на грчките сили, а на 4 јули во Чеган четата била предадена. Тогаш дошло до судир во кој Чакаларов бил полесно повреден.

Истиот ден и четата на Чакаларов е растурена, тој повторно бил ранет, но успеал да стигне до планината Вич на 8 јули. Чaкаларов бил ранет во градите во борбата со грчки војници на 9 јули 1913 година во близина на Бел Камен во месноста викана Лакото.Тука Чакаларов загинал и грчките војници му ја отсекле главата и ја шетале низ градовите во Егејска Македнија како трофеј на грчките воени претстаници каде на сиот глас викале: “ Го нема Чакаларов, ја нема Македонија, го уништивме Чакаларов, а со него и сите Чакаларовци!


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top