Планот на Илон Маск и неговиот тим за спасување на тајландските момчиња

Милијардерот испратил инженери за да им помогнат на момчињата..

Извршниот директор на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Илон Маск, вели дека добил добри повратни информации од инженерите што тој ги испратил да помогнат во спасувањето на младите момчиња од Тајланд, заробени во пештерата.
-Добри вести од експертите за пештери во Тајланд. Заедно со нив го разгледуваме дизајнот за капсула за извлекување која би била доволно безбедна за да се обидеме со неа. Исто така, градиме цевка за надувување со воздушни џебови. Мала е веројатноста да функционира, со оглед на незгодните контури, но одлично доколку функционира - напиша тој на неговиот твитер-профил.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top