ПЛАНОТ НА ЗАПАДНИТЕ ГЛОБАЛИСТИ И МАСОНИ, КАКОВ ШТО ИМАА ЗА ГАДАФИ - 6 сценарија за рушење на Ким Јонг Ун

Откако севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун неодамна успешно го тестираше најубиственото оружје на светот – хидрогенската бомба, во меѓувреме Доналд Трамп ги тестираше двете атомски бомби во Невада..

Трамп нагласи дека Пјонгјанг разбира „само една работа“, и дека не „го исклучува атомскиот удар“, врз режимот на Ким.

Најжестото досега реагираа досегашните спонзори на Ким, Кина и Русија, кои велат дека Пјонгјанг ја минал секоја мерка и покажал „презир кон Поголемата безбедност на ОН и меѓународното право“. Сите се прашуваат каде е крајот и како е можно да се реши кризата со Северна Кореја која се заканува со нуклеарна војна со несогледливи последици.

Јужна Кореја вели дека Ким подготвува ракетен тест, а неутралната Швајцарија вчера се понуди да биде посредник меѓу Трамп и швајцарскиот ученик Ким. Ви претставуваме шест сценарија за решевање на кризата со Северна Кореја:

1. Хорор сценарио: Нуклеарната војна која би ја започнале Американците!

Тоа е најлошо и најмалку веројатно сценарио. Но, ни нуклеарната војна меѓу Северна Кореја и САД, не е исклучена имајќи ги во предвид реториката и карактерите на Ким Јонг ун и Доналд Трамп. Ким веќе ги тестирал ракетите кои можеле да ги носат нуклеарните глави се до Соединетите Држави. Сега има и хидрогенска бомба, најзастрашувачко оружје на денешницата, а и таа наводно би можела да стигне до САД.

Експертот за Северна Кореја Џефри Луис предупредува: Северна Кореја има голем, непознат број на ракети со нуклеарно оружје, можеби 60, а меѓу нив има и такви кои можат да стигнат до САД. Дали верувате дека навистина САД може сите нив да ги погоди и неутрализира? Да ниту една да не стигне до Сеул, Токио или Њујорк?

Не можеме да бидеме сигурни дека американскиот одбрамбен систем би ја пресретнал секоја пеодинечна ракета. И Трамп вчера го предупреди Ким дека нуклеарната војна против неговиот режим не е исклучена.

Нуклеарната војна меѓу Пјонгјанг и Њујорк би однела милиони животи за само неколку часа, предупредуваат експертите. Исто така проценуваат дека веројатноста од нуклеарна војна меѓу САД и Северна Кореја најмногу може да стигне до 5%.

2. Превентивен воен удар

Бризот и силен американски удар на Северна Кореја аналитичарите исто така го сметаат за малку веројатен. Ким своето најубиствено оружје го држи скриено длабоко под земја во системски изградени тунели, кои се градени со децении и нивното целосно уништување речиси е невозможно.

Севернокорејската планинска и шумовита топографија исто така го ограничува успешниот „Блиц-Криег“ против Ким и неговиот режим.
За да се уништи целиот негов подземен арсенал, потребно е да се извршат 3000 напади од воздух и тоа секој ден, предупредува експертот за Северна Кореја Роберт Кели.

И во тој случај во првиот ден од војната, би настрадале речиси милион луѓе само во Северна Кореја. На заканата со превентивен удар, Пјонгјанг неодамна возврати дека веднаш ќе одговори со целосна нуклеарна војна и удари на американската територија.

Веројатноста од превентивен удар се проценува на најмногу 10%.

3. Многу ограничени удари

Ги има се повеќе од оние кои се залагаат дека Ким, кога ќе тестира некоја нова бомба, да се одговори со целење на напад кон местото од каде првично била испалена ракетата.

Како аргумент го истануваат неодамнешниот напад на Трамп на постројките на сирискиот претседател Башар ал-Асад во близина на Дамаск, откако го обвинија дека од таму полетале авионите кои фрлаа воени отрови на бунтовничките сили. Но, Ким одговара дека и на таквиот напад ќе одговори со тотална нуклеарна војна.

И на тоа сценарио се дава најмногу 10% веројатност дека никој нема да може да спречи ескалација на конфликт која може да доведе до милион жртви.

4. Убиство на Ким

Како пат за излез од диктатурата и автократијата од антиката се споменува убиство на кралот. Убиството на владетелот и неговите луѓе може да биде отворање на пат за нов почеток.

Не гледајќи на импликациите кои во тој случај би произлегле од меѓународното право, убиството на Ким би било тешко изводливо.

Специјалните тимови, како американските „Navy Seals“ (американските фоки), би морале да влезат во Северна Кореја и да го елиминираат Ким и неговиот тим.

Тоа бара бројни детални информации за водачот кој и така е изолиран во системот и не е лесно да се дојде до него.

Но, постојат многу бегства од Северна во Јужна Кореја кои се подготвени да дадат информации за Ким и неговите луѓе. Така, и во самата Северна Кореја постои мрежа на доушници кои доставуваат информации за режимот на Ким.

Голем проблем е и тоа како да се упатат специјалните тимови во Северна Кореја. Тоа е речиси невозможно преку границата со Јужна Кореја, која се надгледува од секунда во секунда.

Тешко е и од север, бидејќи Северна Кореја таму се граничи со Кина и Русија, сили кои имаат поинакви интереси од САД. „Изврсниот лидер“, Ким Јонг Ун, внук на „драгиот лидер“, Ким Ли-Сунг, таткото на Северна Кореја, кој во народот има статус на Исус – пола човек, пола бог.

Секој напад врз него би значел и напад на секој Севернокореец и би се барало жесток одговор, вели Пјонгјанг. Министерството за надворешни работи во јули му порача на Вашингтон: При најмала провокација и намера за провокација, да се елиминира нашето врховно раководство, немилосрдно ќе се одговори со нашите моќни атомски оружја, и да се погоди срцето на САД. А експертите велат дека веројатноста за такво сценарио е 20%.

5. Целосна изолација

Северна Кореја само со помош на Кина може во целост да го изолира режимот на Ким. Досега Пекинг го поддржуваше Пјонгјанг па режимот се држеше над водата. Но, и Кина вчера призна дека го изгуби трпението. Тестирањето на хидрогенските бомби во Северна Кореја предизвика силен земјотрес во кинеската провинција која се граничи со Северна Кореја.

Владата во Пекинг порача на комунистите во Пјонгјанг: Доста е! Кина неодамна во Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за заострени санкции против режимот на Ким, што Западот го оцени како позитивен чекор. Го засили ли ина надѕорот на својата граница кон Северна Креја, тоа би ја прекинала илегалната трговија, што ги ја здрмала цела Северна Кореја.

„Најверојатно е дека Кинезите еден ден ќе ги збунат Северно Корејците. Без економски силен сосед, Северна Кореја не може да функционира.

И во ниту еден случај не може да егзистира без нивната помош. Речиси целата трговија со Северна Кореја иде преку Кина и Пекгинг и има моќ да го сруши тој режим“, вели аналитичарот Роберт Кели.

Но, постои еден проблем, доколку дојде до прекршување на односите со Северна Кореја, ќе почне големиот миграциски бран кон Кина. Пекинг и сега жестокот се бори против бегалците од Северна Кореја кои масовно ги враќа во нивната татковина, каде им се заканува повеќегодишна робија во работните логори или смртна казна.

6. Да се продолжи и досега со дипломатските притисоци

На сите во Западот им е јасно дека Ким никогаш нема да се откаже од својот арсенал – атомската бомба им служи како „животно осигурување“.  Без неа Ким одамна би бил отстранет.

Многу експерти и понатаму сметаат дека преговорите со САД и Северна Кореја се единствениот начин на спречување на ескалацијата на конфликти и влез во нуклеарна војна со несогледливи последици.

Досега Пекинг и Москва порачуваа дека нема решение во Пјонгјанг без преговори и ги повикаа Соединетите Американски Држави да се откажат сите масовни воени вежби со Јужна Кореја на Корејскиот полуосров.

Во тоа се приклучи и канцеларката Ангела Меркел кој остро го критикуваше Трамп и неговите воени бубњеви кон Северна Кореја. Трпението и долгогодишната военополитичка стратегија во моментов не се на видикот ни во Пјонгјанг, ниту во Вашингтон.

Експерптите сепак даваат само 40% на ваквата веројатност. „Како претседател би преговарал и како лудак, додека не се постигне најдобриот договор со Северна Кореја“, изјави Трамп за Северна Кореја во 1999 година.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top