По 13 години мистерија, германската полиција го откри можниот убиец на Медлин Меккен

Германската полиција идентификувала нов осомничен во случајот со исчезнатото британско девојче Медлин Меккен од 2007 година. Сомнежот е дека 43-годишен германски државјанин ја убил..

Повеќе од 13 години по исчезнувањето од Португалија, германската полиција откри нова трага за, тогаш, тригодишната Медлин Меккен.

„Во врска со исчезнувањето на тогаш тригодишната Медлин Бет Меккен, јавниот обвинител во Брауншвајг истражува 43-годишен германски државјани под сомнеж за убиство“, соопшти полицијата.

На 3 мај 2007 година, неколку дена пред нејзиниот четврти роденден, „Меди“ исчезна од семејниот апартман во градот Алгарве во Португалија, додека нејзините родители вечерале во блискиот ресторан. Исчезнувањето предизвика една од најголемите потраги во последните години. И покрај бројните осомничени и различните теории за она што се случило, никој не беше осуден за нејзиното исчезнување.

Осомничениот, кој не е именуван од полицијата, во моментов служи долга затворска казна, а претходно бил осудуван за сексуална злоупотреба на деца. Тој живеел во Алгарве во периодот од 1995 до 2007 година, а полицијата трага по две возила и два мобилни телефони кои ги поседувал осомничениот.

Португалската полиција ја затвори истрагата за случајот во 2008 година по 14 месеци, додека британската полиција отвори истрага во јули 2013, но не успеа да открие нови докази.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top