По 16 години се дозна: Принцезата Дајана била вљубена во кардиохирург од Пакистан

Принцезата Дајана беше лудо вљубена во Хаснат Кан, пакистанскиот кардиохирург со кого беше во врска непосредно пред нејзиното трагично загинување и сакаше да се омажи за него – рекла Џемима Кан, пријателката на Дајана..

Во интервјутот за списанието Vanity Fair поранешната пијателка на принцезата Дајана,  Џемима Кан раскажувала за нејзината голема љубов со пакинстанскиот кардиохирург Хаснат Кан.
- Принцезата Дајана беше лудо вљубена во Хаснат Кан, пакистанскиот кардиохирург со кого беше во врска непосредно пред нејзиното трагично загинување и сакаше да се омажи за него – рекла Џемима Кан, пријателката на Дајана.
Љубовта помеѓу принцезата и кардиохирургот ја следеа големи проблеми бидејќи нивните семејства се противеле на тој брак. Кан во разговорот со полицијата по загинувањето на Дајана изјавил дека нивната свадба била луда идеја, но единствен начин за тие да имаат мирен брак е во Пакистан.
Откако принцезата Дајана увидела дека Кан е преплашен од идејата за брак, одеднаш илузиите за нивната врска и се срушиле. Тогаш го запознала Доди Ал Фајед, со кого почнала нова врска и кој бил во автомобилот кога загина во Парз.
- Хаснат Кан и вети прстен еден ден – рекла Роса Монктон, бившата директорка на „Тифани“.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top